Македонија
6. March 2020 - 12:36

Туристи од Сингапур и Јапонија денеска ќе дојдат во Македонија - На граница ќе имаат проверки за корона вирус

На Деве Баир денеска ќе помине автобус со 20тина туристи од Сингапур и Јапонија кои биле во Романија и доаѓаат во нашата земја. 

Здравствените власти биле известени од туристичката агенција која е ангажирана за нив и на граница ќе бидат пречекани од епидемиолог кој ќе им направи анкета а ќе добијат и препораки каде да побараат помош доколку добијат симптоми слични на вирусот.

Филипче вели дека засилената контрола на туристите е поради фактот што во Романија има десетина заболени со ковид 19. Препораките за продолжување на мерката да нема масовни собири до 13 март, Филипче вели дека апелот е повеќе за настани каде се очекуваат и странски гости а не за локални собири. Наредната недела, пак, двете најголеми политички партии имаат закажано конгреси и промоции.

 

Сања Димитровска