Турците бесни, УЕФА е за „жaлење“
Турскиот министер за спорт, Мухарем Касапоглу, рекол дека „за жалење“ е одлуката на УЕФА да и ја додели на Германија организацијата на Европското првенство во 2024 година. Извршниот комитет на УЕФА, вчера во Нион, ја избра Германија за домаќин на ЕП 2024.
„Вознемирувачки за УЕФА и за ЕП во 2024 година е тоа што нашата земја и покрај својата сила нема да биде домаќин. Ние како земја не губиме, Европското првенство ќе ја загуби нашата стручност и нашето гостопримство“, рекол Касапоглу.
Домаќинот на ЕП во 2024 година бил добие по пат на тајно гласање, Германија вкупно добила 12 гласа, а Турција четири, додека еден делегат бил отсутен. Право на глас немале претставниците на Турција и Германија.
„Ќе беше тоа добитна комбинација, доколку добиевме можност да го организираме натпреварувањето на ова подрачје, во оваа земја. Сепак, нашата земја не загуби ништо“, дополнил Касапоглу.
Четврти пат во низа Турција не успеа да ја доби организацијата на едно ЕП, по кандидатурите во 2008, 2012 и 2016 година.
Ново на Сител
-
Уапсен 62-годишник од Штип, физички ја нападнал снаата
-
Пронајдени две ловечки пушки и муниција при претрес на возило
-
18-годишна девојка од Скопје се оддалечила од својот дом
-
Зеленски: Подготвен сум да поднесам оставка ако тоа донесе мир во Украина или членство во НАТО
-
Коло на гостите Шкендија на лидерската позиција
-
Без струја утре дел од општините Бутел и Карпош
-
Без вода утре дел од Центар
-
Почина 21-годишен осуденик, имал знаци на труење