Турција со предупредување пред најавеното признавање на Ерусалим за престолнина на Израел
Висок претставник на турската Влада денеска предупреди на „голема катастрофа“ доколку САД го признаат Ерусалим како израелска престолнина и покрај предупредувањата од арапскиот свет.
- Доколку моменталниот статус на Ерусалим биде променет и се преземат поинакви мерки тоа ќе биде голема катастрофа. Тоа целосно ќе го уништи кревкиот мировен процес во регионот и ќе доведе до нови судири и немири, изјави заменик турскиот премиер Бекир Боздаг на прес-конференција.
Статусот на Ерусалим е едно од најспорните прашања на долготрајниот израелско-палестински судир.
Американскиот претседател Доналд Трамп во текот на оваа недела треба да донесе одлука дали ќе го признае Ерусалим како израелска престолнина.
Поголем дел од меѓународната заедница, меѓу кои САД и Турција, не го признаваат официјално Ерусалим како израелска престолнина, инсистирајќи дека тоа прашање може да се реши по пат на преговори за конечниот статус.
Ново на Сител
-
САД најавуваат ново воено распоредување на Блискиот Исток
-
Киев: Русија префрли 7.000 севернокорејски војници на границата со Украина
-
Трипуновски: Очекувам фер проценка и реална исплата на трудот на тутунарите
-
Мицкоски им порача на ДУИ да се подготват за одговорност
-
Нов израелски напад на северот од Газа: Загинаa 84 Палестинци, меѓу кои 50 деца
-
Возач на камион починал во тешка сообраќајка
-
ОЈО - Штип со увид на местото каде според првичните сознанија е лишена од живот 29 годишна жена
-
Загинатиот Васко Саздовски во Нови Сад бил македонски научник