Турција продолжува да испраќа засилување на границата со Сирија
Во реонот на градот Џејлјанпјанар, областа Шанлиуфра, денеска пристигнал турски конвој со камиони, оклопни возила и автобуси, јави „Хуриет дејли њуз“.
Конвојот бил придружуван од сили на жандармеријата, а со него до сириската граница патувале и командоси.
Турските власти претходно соопштија дека земјата може да преземе нова антитерористичка операција во Сирија.
Од 2016 година Турција во северозападна Сирија ги спроведува операциите „Еуфратски штит“ и „Маслиново гранче“ со цел прочистување на областа од борци на сириските курдски Сили за заштита на народот и терористи од ДАЕШ („Исламска држава“).
Турција ги смета сириските курдски милиции Сили за заштита на народот за терористичка
организација, поврзана со илегалната Курдска работничка партија (ПКК). ЕУ, Анкара и САД ја сметаат ПКК за терористичка организација.
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис