Турција повторно ја отвори границата кон Иран и Ирак за товарниот сообраќај
Турција денеска ги отвори своите граници со Иран и Ирак за товарниот сообраќај, откако повеќе од три месеци беа затворени заради опасноста од ширење на коронавирусот, јави ДПА.
„Границите, вклучувајќи ги и главните премини кај Хабур, кон Ирак, и Гурбалак, кон Иран, се повторно отворени“, изјави министерот за трговија Рухсар Печан на Твитер, повикувајќи се на „намаленото влијанија на пандемијата во двете соседни земји“.
Остануваат неопходните здравствени и безбедносни мерки на граничните премини, додаде Печан.
Иран и Ирак остануваат двата клучни трговски партнери за Турција и покрај релативниот пад на обемот на трговијата со Иран минатата година, наведува германската агенција.
Турција ја затвори границата со Иран на 23 февруари, по драстичното зголемување на случаите со коронавирус. Помалку од една недела подоцна, турската граница со Ирак, исто така, беше затворена.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ утврди кандидати за градоначалници за претстојните локални избори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
34 лица обвинети за пожарот во кочанската дискотека
-
СДСМ ја поздравува проширената истрага но смета дека е задоцнета
-
Македонија и Унгарија потпишаа договор за стратешка соработка
-
Претседателката: Не е проблем да разговарам со премиерот Жељасков
-
Правда финализираше пет закони од Реформската агеда
-
СЗДСМ - или современи помагала или лицата со дијабет ќе излезат на протест