Балкан
24. December 2016 - 20:14

Турција: Под истрага окоу 10.000 лица поради поддршка на тероризам на социјални мрежи

Турското МВР соопшти денеска дека под истрага се околу 10.000 лица поради сомневање за користење социјални мрежи за давање поддршка на тероризам.

Пристапот до Твитер и Фејсбук е повремено блокиран, воглавно по екслозии или други смртоносни напади, иако официјална Анкара тоа го демантира.

Министерството додава дека според нив биле неопходни такви мерки за да се искорени поддршката на „пучистите и други терористи“.

Од обиот за пуч во Турција се затворени повеќе од 150 медиуми и уапсени се повеќе од 140 новинари.