Турција од денеска ја администрира Турковак
Турција денеска почнува со аплицирање на турската вакцина против Ковид-19 Турковак, објави државната ТРТ Хабер, цитирајќи ги здравствените власти.
Министерот за здравство Фахретин Коџа на Твитер објави дека вакцината може да се даде и како засилувачка доза, без разлика каква вакцина била дадена претходно. Оние кои сакаат да се вакцинираат со овој препарат можат да закажат термин во градските болници во државата од каде ќе започне вакцинацијата. И самиот Коџа вчера ја прими вакцината Турковак како засилувачка доза, заедно со членовите на специјализираниот научен совет за контрола на коронавирусот.
Турската вакцина Турковак доби одобрение за итна употреба минатата недела. Со воведувањето на Турковак, Турција стана деветта земја во светот што произведува сопствена вакцина против КОВИД-19. Досега во државата се аплицирани 130.656.206 дози вакцина против коронавирус. Вкупно 56,87 милиони луѓе биле имунизирани со најмалку една доза, 51,53 милиони со две дози, а 18,34 милиони примиле трета доза вакцина додека 83,01 отсто од возрасната популација се вакцинирани со две дози, покажуваат официјалните статистички податоци.
Ново на Сител
-
Електронски ќе се пријавуваат неправилности во здравството
-
Доаѓа топол бран - од утре до средината на следната седмица температури и над 40 степени
-
Реакција на АХВ за објава на градоначалникот Костадинов за водата во Струмица
-
Крушевчанец возел со 1,94 промили алкохол во крвта
-
Бегале од полиција со мотор без таблички и усмртиле човек на кеј кај „Жабар“ | ФОТО
-
САД престанаа да испорачуваат дел од противвоздушното оружје во Украина
-
Најмалку четворица загинаа откако брод за вадење нафта се преврте во Суецкиот Залив
-
Православните верници го слават празникот посветен на Свети Наум Охридски - Чудотворец