Турција најавува копнена акција во Ирак доколку биде потребно
Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу изјави денеска дека официјална Анкара би можела да започне копнена операција во Ирак, со цел да отстрани било какви закани кон Турција кои би можеле да се појават.
- Доколку има било какви закани кон Турција подготвени сме да ги употребиме сите свои ресурси, вклучувајќи и копнена операција, со цел таа закана да биде елиминирана, истакна Чавушоглу.
Тој како пример ја наведе амбициозната турска офанзива во Сирија за тоа како Турците сериозно ја сфаќаат заканата врз својата безбедност.
Чавушоглу нагласи дека било каква закана кон Турција од соседните ирачки покраини би можела да предизвика реакција на официјална Анкара.
- Ако се зголеми заканата кон нас ќе се избориме со неа користејќи ги нашите права согласно меѓународните закони и нашата сила, вклучувајќи копнена операција, истакна шефот на турската дипломатија.
Ново на Сител
-
Заемот од Унгарија пред пратениците
-
ВМРО-ДПМНЕ: Во МЕПСО се трошело без усул
-
Оризарите обвинуваат, ориз од увоз се дакларира и продава како кочански
-
Полначи за електрични возила на југот од Македонија
-
Преглед на вестите од светот
-
Како да се „спасат'' Преспанското и Охридското Езеро?
-
Тема на денот со претседателката Гордана Сиљановска Давкова
-
Бугарскиот амбасадор одби да ја прими протестната нота од МНР, за Сител вели не бил прекршен ниту еден протокол