Турција ја зголеми основната каматна стапка на 40 отсто
Турската централна банка денеска ја зголеми основната каматна стапка шести месец по ред на 40 отсто, што е највисоко ниво откако турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган е на власт.
Банката ја зголеми основната каматна стапка (еднонеделната репо стапка) за пет процентни поени во однос на минатиот месец.
Финансиската институција во соопштението за печат наведува дека нивото на затегнување на монетарната политика е многу блиску до она што е потребно и затоа темпото на зголемување на каматите ќе се забави.
Во јуни, турската Централна банка ја зголеми основната каматна стапка од 8,5 отсто на 15 отсто за првпат од 2021 година и вети построга монетарна политика и контрола на инфлацијата. Тоа беше прво зголемување на стапката на новиот шеф на централната банка Хафиз Гаје Еркан.
Ново на Сител
-
Ибраимовски: Фрлена бомба врз штабот на ПЦЕР во Тетово
-
Неевидентирани лица од други општини сакаат да добијат бесплатен кров над глава во Штип
-
Расте бројот на ученици во стручното образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со д-р Никола Пановски
-
ИЈЗ: Четворица вработени на ЗОО под надзор, еден ќе се тестира за птичји грип
-
Партиски реакции: Одговорност за Арсовска за птичјиот грип во зоолошка
-
Утре почнува вакцинацијата против сезонски грип