Турција ја нападна Сирија: Убиени најмалку 35 борци на ИД
Триесет и пет борци на Исламска држава биле убиени во воздушните напади на турската армија во Сирија изминатата ноќ, јавија турски медиуми.
Турски ловци Ф-16 уништија три цели на Исламска држава во Северна Сирија меѓу 3.12 и 4.24 часот по локално време рано изутрина. Цели на нападите биле два штаба и центар за состанување на џихадистичката група.
Убиените џихадисти се наоѓале во центарот за состанување - собирен пункт на активисти на ИД, во моментот на бомбардирањето, јави турската агенција Доган, без да го соопшти изворот на информацијата, која не е официјално потврдена.
Турски борбени авиони Ф-16 бомбардираа три цели на групата Исламска држава во Северна Сирија рано изутринава, се наведува во соопштение на кабинетот на премиерот Ахмет Давутоглу.
Нападите се извршени ден по престрелката меѓу турски војници и џихадисти преку границата со Сирија, наведува ДПА.
Вчера беше објавенo дека Турција дозволува на САД да ја користат базата Инџирлик за напади врз ИД.
Ново на Сител
-
Физички нападнат 51-годишник од две лица по претходна случена сообраќајна несреќа
-
Украдено товарно возило на АРМ пронајдено во Кисела Вода
-
Две лица пукале кон 36-годишник од с.Грчец, се здобил со повреди во ногата од огнено оружје
-
Фондот за здравство работи на формирање тимови за рехабилитација на повредените во Кочани
-
Бугарското Собрание усвои резолуција во врска со напредокот на земјава во ЕУ
-
140 луѓе во тетовската болница не зеле плата 2 месеца
-
Град во источна Германија нуди 14 дена бесплатен престој и можности за работа
-
Поплави во Романија се закануваат да го загрозат еден од најголемите европски рудници за сол