Турција ја блокира посетата на германскиот заменик-министер за одбрана на Инџирлик
Турција ги блокира плановите на заменик-министерот за одбрана на Германија, Ралф Браукзипе да ја посети воздухопловната база Инџирлик во јули, соопшти денеска портпаролот на германското Министерство за одбрана.
Германија има околу 250 војници стационирани во Инџирлик, како и шест авиони „Торнадо“ и едно летало за надополнување на гориво, кои учествуваат во воздушната кампања предводена од САД против Исламска држава во Ирак и во Сирија.
- Турските претставници во моментот не ги одобруваат плановите за посетата, истакна портпаролот на германското МО.
Браукзипе со уште неколку германски пратеници планираше да ја посети базата Инџирлик во јули.
Турските власти одбија да ги коментираат наводите.
Односите меѓу Германија и Турција се заострија откако Бундестагот усвои резолуција со која турскиот масакр над Ерменците во 1915 е прогласен за геноцид.
Ново на Сител
-
Возач удрил пешаци па побегнал од местото на настанот - тешко повредено 73-годишно лице од Крива Паланка
-
Утре локални врнежи од дожд, повремено и поројни
-
Пронајдени шест мигранти, од кои еден е малолетник - уапсени две лица од Турција
-
Две пријателки кои патувале со лет од Париз криумчареле луксузни чанти во куфери
-
Мицкоски: Огромен профит на грбот на граѓанинот е неприфатливо и нема да биде толерирано
-
Кривична за поранешен помошник министер и раководител во МВР за незаконски јавни набавки
-
„Часовникот на судниот ден“: Светот е опасно блиску до пропаст
-
Лишени од слобода крадци во Пробиштип