Турција и Иран планираат заедничка операција против ПКК
- Турција и Иран планираат заедничка офанзива на против герилската Курдска работничка партија (ПКК) во реонот на планината Кандил, на тромеѓето меѓу Турција, Иран и Ирак, објави турскиот весник „Акшам“.
Според весникот, по референдумот за независност на Ирачки Курдистан, Иран го сменил својот став кон курдските сили кои се распоредени во оваа област и отпочнал разговори со Турција за заедничка операција против нив.
Референдумот покажа дека постои раскол меѓу партиите и вооружените групи на ирачките Курди, при што, како што јави МИА, дел од нив се приклонија кон Иран и не се согласуваат со идејата за независна држава.
ПКК се наоѓа на листите на терористички организации на Турција, САД и Европската Унија, поради нејзината повеќедецениска борба за автономија на турските реони населени со Курди, во рамките на која организацијата користи логистички бази во Ирак и Иран. Се смета дека базите во планината Кандил се главно упориште на ПКК.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток