Балкан
29. October 2017 - 12:36

Турција го чествува Денот на Републиката

Турција денеска го празнува Денот на Републиката, со кој се одбележува прогласувањето на турска република на 29 октомври 1923 година.

Својот 94-ти роденден Турција годинава го одбележува со 94 манифестации организирани на територијата на целата држава.

Турција Ден на Републиката

Прославата официјално трае 35 часа, почнувајќи од вчера попладне, при што се одржуваат народни собири, маршеви и музички манифестации, а се полагаат и венци и цвеќиња на спомениците и мавзолејот на основачот на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк во главниот град Анкара.

Турција Ден на Републиката

Републиканскиот систем во Турција е воведен на 23 април 1920 година, кога е формирано Големото национално собрание, кое ја одзема политичката власта на султанот, но Републиката официјално е прогласена од страна на Ататурк на денешен ден три години подоцна.

По официјалното прогласување на Република Турција на 29 октомври 1923 година, Ататурк е избран за прв турски претседател.