Свет
26. November 2015 - 8:44

Турција даде објасување до руското воено аташе зошто е соборен авионот

Турската војска соопшти дека на руските воени аташеа им објаснила зошто е соборен рускиот авион, како и оти е подготвена каква било соработка со Москва.

Во соопштението се наведува дека на руските воени аташеа синоќа им е објаснето дека „сухој Су - 24“  е соборен бидејќи не реагирал на предупредувањата. 

Се наведува и дека се вложени големи напори да се пронајде и спаси пилотот.

Турската војска истакна дека ги повикале и воените претставници во Москва и оти е изразена подготвеност „за секој вид соработка“.