-->
-->
Турција бара Германија да одбие азил за турските војници
-->
Турскиот министер за одбрана Фикри Ишик денеска побара од Берлин да не одобри азил на турските војници, кои во Германија работеа за НАТО, а се суспендирани по неуспешниот обид за воен удар во Турција.
Ишик, преку видео-снимка, објавена на турската новинска агенција Анадолија, истакна дека германските власти „апсолутно не смеат да прифатат такви барања за азил“.
- За земја како Германија, која има силни културни, општествени и политички врски со Турција, би било многу неприфатливо да пружи заштита, посочи Ишик.
Тој истакна оти се надева дека Германија ќе ги отфрли сите барања за азил на турските војници врз основа дека тие се осомничени за учество во неуспешниот обид за пуч во Турција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зошто пожарот во „Пулс“ беше толку смртоносен?
-
Тема на денот со премиерот Христијан Мицкоски
-
Истрагата за пожарот - убиец проширена со седумина полициски службеници
-
Притвор за приведените полициски службеници
-
Продолжен притвор
-
Владата препорачува утре да биде неработен ден во Кочани
-
Манев: Палчо запали цигара откако ја закопавме Вања, ги чистеше лопатите со спреј за да прикрие траги
-
Приведени 7 полициски службеници