Тупанчевски: Имаме план како да ги пополниме места на судиите и обвинителите кои заминуваат во пензија
Eдинственото решение кое што ни останува е да се направи внатрешна реорганизација во судството и јавното обвинителство, затоа што во нашата држава има судови и јавни обвинителства коишто се преоптоварени и има судови и јавни обвинителства коишто практично имаат судии и обвинители коишто работат и под норма. Во таа насока, значи, тоа е единственото решение во моментот кое што би можело да има практичен контекст затоа што на крајот на краиштата неприфатениот предлог ќе има одредени правни импликации, меѓутоа практично со една нова внатрешна организација, делегирање на судии и јавни обвинители во судовите каде што нема доволен број би можеле ако не друго барем приближно да го надоместиме она што ќе ни недостасува, изјави министерот за правда Никола Тупанчевски денеска во Струмица одоговарајќи на новинарско прашања.
Истакна дека секогаш постои план Б откако не беше продолжен работниот стаж на судиите и на јавните обвинители.
-Да не заборавиме дека до крајот на годината ќе имаме 59 нови академци коишто ја завршиле Академијата за судии и јавни обвинители и на секој начин тоа ќе значи некој тип на инфузија на судството и јавното обвинителство. Да не заборавиме дека има уште 96-97 нови кандидати коишто за година и половина, односно за две години повторно ќе бидат интегрален дел од македонското судство и обвинителство, така што ако ги земеме тие 97 и овие 50, значи околу 150 луѓе ќе претставува надополнување или ајде да речам освежување на судско обвинителскиот систем во нашата држава, додаде Тупанчевски.
Подвлече дека проблемот не е нерешлив, иако создава одредени потешкотии, меѓутоа тој е оптимист дека ќе се најде решение или како план Б којшто би можел да помогне во разрешување на актуелната состојба.
Ново на Сител
-
ЦУК: Осум активни пожари, се уште активен пожарот во резерватот Јасен
-
Kуче врзано влечено со автомобил па фрлено во речно корито во Крива Паланка, го спасиле пожарникари | ФОТО
-
Уште еден случај на затруено дете во Куманово
-
Евакуирани 150 лица од лондонска болница поради хемиски инцидент
-
Унгарија бесна на Украина поради нападот врз рускиот гасовод
-
Групна тепачка во угостителски објект во Куманово, приведени пет лица
-
„Ватсап“ вели дека Русија се обидува да ја блокира апликацијата
-
Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш