Балкан
29. September 2015 - 19:01

Туѓман нема да добие половина од плоштадот на бан Јосип Јелачиќ

Првиот претседател на независна Хрватска, Фрањо Туѓман нема да добие половина од Плоштадот на бан Јосип Јелачиќ, а на кардиналот Алојз Степинац нема да му биде доделен плоштадот Јосип Броз Тито.

Така одлучија на денешната седница на Одборот за именување населби, улици и плоштади во Собранието на град Загреб.

За првиот предлог членовите на Одборот сметаа дека е нецелосен и недоречен и поради тоа е отфрлен, додека вториот е отфрлен бидејќи сметале дека се работи за прејудицирање, објавија хрватски медиуми.

Предлагачите имено, навеле дека Степинац само што не е прогласен за светец.