Македонија
4. јуни 2016 - 11:13

Тршоците во градежништвото во првиот квартал пониски за 4,2 отсто

Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, во првотот тримесечје годинава во споредба со истиот период лани, се пониски за 4,2 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Трошоците за материјали биле пониски за 8,2%, додека трошоците за вработените повисоки за 7,2%.

Во првиот квартал годинава, пак, во однос на четвртото тримесечје од 2015 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 4,4%, трошоците за материјали за 5,1%, а трошоците за вработените за 2.5%.