Трпески:Неоснована кривичната пријава од Финансиската полиција
Поранешнииот директор на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески соопшти дека е неоснована кривичната пријава што против него ја поднесе Финансиската полиција поради сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Пријавата, соопшти Трпески, претставува класична политичка хајка против мене заради моите активности со кои се спротивставувам на штетните политики кои ги спроведува актуелната власт.
Тој тврди дека на барање на Светска банка работел на проект финансиран од оваа банка за да го помогне развојот на Катастарот на Србија.
- Со мојот ангажман како советник на катастарот на Србија не е прекршен ниту еден член од ниту еден закон, не сум ја злоупотребил својата позиција, ниту пак сум отворал патни налози или пријавувал патни трошоци за бензин ниту пак сум користел службени возила или подигнувал дневници во функција на овој мој советнички ангажман. Најголемиот дел од мојот ангажман го вршев од Република Македонија користејќи ги модерните алатки за комуникација, додека за одењето во Република Србија исклучително се користеа неработни денови или денови од годишниот одмор а сите трошоци се подмируваа од страна на банката за што постојат докази, се вели во соопштението од Трпески.
За кривичната пријава, тврди дека дознал од медиумите и оти Финансиската полиција од него воопшто не побарала никакви изјави, појаснувања, документација или појаснувања за предметот кој го воделе.
- Политичката хајка против мене е со цел да се покрие слабата работа на актуелното раководство на македонскиот катастар, смета Трпески и најавува дека ќе поднесе кривична пријава против сите инволвирани лица и оти ќе ги информира сите меѓународни институции за како што навеудва „политичката хајка“.
Ново на Сител
-
Двајца сопружници починаа во пожар во Крива Паланка
-
Поранешниот канадски премиер Жан Кретиен ги осуди експанзионистичките идеи на Трамп
-
ЦУК: Извлечени завеани пет малолетни и едно возрасно лице од село Рајчани
-
Поведена постапка против лице за семејно насилство врз неговата сопруга
-
Патничкиот железнички сообраќај се одвива нормално и без прекин, со минимални задоцнувања, товарниот со мали застои
-
Сообраќајот на патиштата се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег
-
Украина ноќеска соборила 60 од 94 лансирани руски беспилотни летала, 34 се „изгубиле“
-
Студено насекаде со врнежи од снег, поради ниските температури ќе има појава на голомразица и снежни наноси