Тројцата републикански кандидати за претседател на САД ги повлекуваат ветувањата за меѓусебна поддршка
Тројцата републикански претенденти за претседателската номинација се повлекуваат од претходно дадените изјави за поддршка на оној кандидат, кој оваа партија ќе го избере за кандидат на претседателските избори во САД во ноември оваа година.
Тоа може да доведе до хаос и поделба за време на конвенцијата на Републиканската партија во јули.
Доналд Трамп, Тед Круз и Џон Кејсик на почетокот од кампањата најавија дека ќе го поддржат оној кандидат кој ќе биде избран од партијата, без разлика кој од тројцата ќе ја добие довербата, но се повлекоа во текот на дебатата во Висконсин, чиј домаќин беше Си-Ен-Ен.
Следната недела републиканците во Висконсин ќе гласаат за идниот претседателски кандидат на оваа партија. Трамп досега обезбеди 739 партиски делегати, Круз 465, а Кејсик 143. За да се обезбеди номинацијата, на кандидатите им е потребна поддршка од 1.237 делегати.
Ново на Сител
-
Изгласани интерпелациите на петте члена на Судскиот совет
-
Трамп: Царините за канадскиот челик и алуминиум ќе бидат 50 проценти
-
Сопружници од Прилеп измамени за 900.000 денари
-
22-годишник од Велес со бензин запалил паркирано „ауди“
-
Малолетник убил куче со огнено оружје во село Муртино
-
Манчестер јунајтед планира да изгради нов стадион
-
Лишени од слобода 11 лица, злоупотреба на службена положба и перење пари
-
Таравари: Нема да биде склучен договор со „Ѓока констракшн“