Тројца воени пилоти загинаа во судар на два авиони над централна Украина
Тројца украински воени пилоти загинаа во судар на два авиони за обука Л-39 на небото над централна Украина, соопшти денеска украинското воздухопловство.
Несреќата се случила вчера во областа Житомир, која се наоѓа западно од главниот град Киев. Воздухопловните сили соопштија дека еден од пилотите, чиј прекар бил „Џус“, бил познат по многуте интервјуа што ги дал за странски медиуми.
„Изразуваме сочувство до семејствата на загинатите. Тоа е болна и непоправлива загуба за сите нас“, напишаа украинските воздухопловни сили на социјалната мрежа Телеграм, додавајќи дека е во тек истрага за да се утврдат причините за судирот.
Смртта на тројцата пилоти е тешка загуба за Украина, која се подготвува со огромни напори да ги обучи што е можно побрзо екипажите на своите воздухопловни сили да управуваат со борбени авиони Ф-16 кои ги обезбеди Западот. Досега на Киев му се ветени најмалку 61 од овој тип воени авиони.
Ново на Сител
-
Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене
-
Кривична пријава против измамник од Скопје, измамил две лица за над 100.000 евра
-
Владата ја усвои информацијата за набавка на инсулин и друга медицинска терапија за дијабетичарите
-
ММА признат како официјален спорт во Македонија
-
Серија земјотреси во подрачје на супервулкан во Италија
-
Во близина на граничниот премин Богородица пронајдени четири мигрантки, едната во бессознание
-
Украдени спомен бисти на Крсте Петков Мисирков и Ѓорѓија Пулевски и две бронзени бисти од гробиштата во Бутел
-
НБА: Мајкл Џордан стручен коментатор на Ен-Би-Си