Тројца воени пилоти загинаа во судар на два авиони над централна Украина
Тројца украински воени пилоти загинаа во судар на два авиони за обука Л-39 на небото над централна Украина, соопшти денеска украинското воздухопловство.
Несреќата се случила вчера во областа Житомир, која се наоѓа западно од главниот град Киев. Воздухопловните сили соопштија дека еден од пилотите, чиј прекар бил „Џус“, бил познат по многуте интервјуа што ги дал за странски медиуми.
„Изразуваме сочувство до семејствата на загинатите. Тоа е болна и непоправлива загуба за сите нас“, напишаа украинските воздухопловни сили на социјалната мрежа Телеграм, додавајќи дека е во тек истрага за да се утврдат причините за судирот.
Смртта на тројцата пилоти е тешка загуба за Украина, која се подготвува со огромни напори да ги обучи што е можно побрзо екипажите на своите воздухопловни сили да управуваат со борбени авиони Ф-16 кои ги обезбеди Западот. Досега на Киев му се ветени најмалку 61 од овој тип воени авиони.
Ново на Сител
-
Енергетските компании нема да побараат зголемување на цената на струјата
-
Русија предлага делумен прекин на огнот од два-три дена
-
Се трага по две девојчиња на возраст од 13 и 14 години кои излегле од дома и не се вратиле
-
Мицкоски: Очекувањата се позитивни, по средбите на Муцунски во Вашингтон
-
Двајца браќа се обиделе да разделат тепачка пред теретана во Чаир - завршиле со убодни рани
-
Повредени двајца малолетници од битолско откако со мотоцикл излетале од патот
-
Скопјанец излетал надвор од коловозот на автопатот Скопје–Велес
-
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Скопје