Тројца убиени, осум повредени во престрелка во Елбасан
Тројца убиени, осум повредени, од кои двајца во критична состојба, е биланост од вооружената престрелка што синоќа се случила во албанскиот град Елбасан.
Според полициски извори, на кои се повикуваат албанските медиуми, инцидентот се случил во еден угостителски објект во населбата „Краста“ во близина на стадионот „Елбасан Арена“.
Пред објектот застанал автомобил „БМВ“ серија 5, црна боја од кој излегле маскирани и вооружени лица кои влегле во објектот и на гостите им наредиле да легнат на под и отвориле оган од автоматско оружје кон сопственикот на локалот, неговиот син и неколку пријатели, при што на самото место убиени се две лица, повеќе се повредени од кои едното им подлегнало на повредите во болницата во Елбасан.
Со хеликоптер осумтемина се префлени на лекување во трауматолошката клиника во Тирана.
Според првичните сознанија мотивот е крвна одмазда.
Големи полициски сили се вклучени во потраѓата по сторителите. На локалните полицијаци им се приклучиле и припадниците на специјалната единица „Ренеа“, единицата за брзо распоредување, како и полицајци од комесаријатите Драч, Лушња и Фиер.
Ново на Сител
-
Мицкоски: 24 години по рамковниот – заедно сме посилни
-
Активни три пожари на отворено во Македонија
-
Со новата методологија за финансирање на основното и средното образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Топлотниот бран ги разгоре пожарите: Најтешко се гаснат пламените јазици кај Јасен
-
Тема на денот со Петар Арсовски
-
Преглед на вестите од светот
-
Министерството за правда и експерти ќе бараат решение за учество на независни кандидати на изборите наесен