Тројца турски воени аташеа исчезнале, тврди турски официјален претставник
Тројца турски воени аташеа, двајца од амбасадата во Грција и еден во БиХ, исчезнале откако биле повикани во Анкара како дел од истрагата за неуспешниот обид за преврат на 15 јули, изјави висок турски претставник.
- Знаеме дека двајца воени аташеа во Грција се обидоа да заминат во странство. Разузнавачките информации кои ги добивме покажуваат дека можеби заминле во Италија. Ако тоа се потврди ќе ги информираме италијанските власти, истакна турскиот претставник.
Според него, не е позната ниту локацијата на военото атеше во Босна.
Во меѓувреме, секретарот за односи со јавност во Амбасадата ма Турција во БиХ ги отфрли тврдењата дека военото атеше исчезнал.
- Военото аташе на Турција во Босна не бил повикан во Анкара и тој ја врши својата работа вообичаено, истакна секретарот.
Околу 160 припадници на турската армија, по кои се трага во врска со обидот за пуч, се уште се наоѓаат на слобода, а меѓу нив има и девет генерали.
Ново на Сител
-
Таравари е против нови избори во Гостивар
-
Владејачките партии се соочуваат со изборниот пораз
-
Тема на денот со Крешник Бектеши, ДУИ
-
М-ТЕЛ стана партнер на Д-фестивал
-
КРКА ја презентираше мобилната апликација ФЛЕБИ
-
Вреди убедува 4 пратеници од фронтот на Ахмети за промена на страната
-
Во јавен сектор најмногу се вработувало една година по промена на власта
-
ВО ЖИВО: 4 неуспешни обиди за гласање за нов претседател на Уставниот суд