Тројца ранети во израелски напад врз Либан, Хезболах истрела повеќе од 60 ракети кон Израел
Три лица ноќеска се ранети во израелски напади врз регионот Балбек, упориште на Хезболах во источен Либан, поради што шиитската организација одговори со истрелување повеќе од 60 ракети, јавија француските медиуми.
Израелската армија го потврди нападот со воени авиони на „локалитет за производство на оружје“ во областа Балбек.
Француските медиуми јавуваат дека израелските авиони истрелале пет ракети врз двокатна станбена зграда во Ал-Осеира, на периферијата на Балбек.
Додаваат дека цел на нападите бил центар на Хезболах, што бил напуштен, а ранети биле станари од околните згради.
Проиранскиот екстремистички Хезболах објави дека како одговор на нападот во Балбек, еден час подоцна, истрелал повеќе од 60 ракети од типот „качуша“, врз две израелски воени позиции во делот на Голанската висорамнина, што е окупирана од Израел.
Како што се наведува, гаѓана била базата и бараки кои служат како штаб за противвоздушна одбрана, во кои се обучуваат припадници на бригадата Голан по нивното враќање од Појасот Газа.
Израелската армија соопшти дека регистрирала околу 50 истрелани ракети во правец кон Израел, а неколку биле пресретнати и дека биле нападнати местата од кои биле истрелани.
Израел не објави дали има жртви или материјална штета. Ова е трет пат како израелската армија го напаѓа регионот Балбек во повеќе од пет месеци конфликт со Хезболах.
Ново на Сител
-
Првиот сведок на Палчо: Полицијата го тепаше Видевски за да ги признае убиствата на Вања и Панче
-
Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на државата
-
Скандалозно судење на дербито Вардар-Силекс
-
Судски Совет: Изречената воспитна мерка за Васил Јованов е согласно законот
-
Интерпелациите за Судскиот совет на седница до 10 март
-
Предлогот за разрешување на Коцевски патува кон Советот на Јавни обвинители
-
Резолуциите во Обединетите нации и денеска причина за обвинувања помеѓу власта и опозицијата
-
Зеленски во петок кај Трамп