Тројца повредени при инцидент во градски автобус во Скопје
Три лица се повредени синоќа околу 21 часот на постојката кај 26-ти Јули во центарот на Скопје, кога повеќемина насилници го нарушиле јавниот ред и мир и нападнале патници во градски автобус број 50.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, инцидентот започнал на горниот кат од автобусот, каде што настанала тепачка, која потоа продолжила и на долниот кат од возилото.
Едно од лицата учесници во тепачката го презело воланот и предизвикало сообраќајка, удријќи со возилото во приватен автобус број 20.
- Откако биле отворени вратите од автобусот, лицата продолжиле со тепачката на самата постојка, но по пристигнувањето на полициските службеници лицата се разбегале во различни правци, се наведува во полициското соопштение.
Повредените лица со возила на итната медицинска помош се префрлени во Ургентниот центар.
За сега е приведено лицето Р. Б. и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и идентификација на сите учесници во насилството, се додава во сппштението.
Ново на Сител
-
Трамп потпиша извршна наредба за запирање на мигрантите да влезат преку јужната граница на САД
-
Петровиќ повеќе не е тренер на Пелистер
-
Тројца повредени во верижниот судар синоќа на Скопската обиколница кај Смилковското езеро
-
Делови од Ѓорче Петров, Сарај и Зелениково без струја
-
Амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас во посета на Куманово
-
Писториус: Можно е Русија во 2029 - 2030 година да нападне земја-членка на НАТО
-
Трамп го избра Шон Каран да биде новиот директор на Тајната служба
-
Пентагон ќе распореди дополнителни 1.500 војници на границата со Мексико