Тројца повредени при инцидент во градски автобус во Скопје
Три лица се повредени синоќа околу 21 часот на постојката кај 26-ти Јули во центарот на Скопје, кога повеќемина насилници го нарушиле јавниот ред и мир и нападнале патници во градски автобус број 50.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, инцидентот започнал на горниот кат од автобусот, каде што настанала тепачка, која потоа продолжила и на долниот кат од возилото.
Едно од лицата учесници во тепачката го презело воланот и предизвикало сообраќајка, удријќи со возилото во приватен автобус број 20.
- Откако биле отворени вратите од автобусот, лицата продолжиле со тепачката на самата постојка, но по пристигнувањето на полициските службеници лицата се разбегале во различни правци, се наведува во полициското соопштение.
Повредените лица со возила на итната медицинска помош се префрлени во Ургентниот центар.
За сега е приведено лицето Р. Б. и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и идентификација на сите учесници во насилството, се додава во сппштението.
Ново на Сител
-
Бајден забрани нови дупчења на наоѓалишта на нафта и гас во близина на атлантското и тихоокеанското крајбрежје на САД
-
Божиќна ѕвезда – украс за новогодишните и божиќните празници
-
Почувствуван земјотрес во Македонија
-
Тибет: Над 50 загинати и десетици повредени во силен земјотрес на Хималаите
-
Конгресот на САД ја потврди победата на Доналд Трамп, четири години по упадот во Капитолот на 6 јануари
-
Православните христијани го слават Рождеството Христово – Божик
-
Земјотрес од три степени почувствуван вчера во Скопје
-
Променливо облачно, со магла по одделни котлини