-->
-->
Тројца пациенти починаа во штипскиот Ковид центар
-->
Тројца пациенти на возраст од 63 до 73 години од Берово, Пробиштип и село Тодоровци ја загубија битката со коронавирисот на инфективното одделение во Штип.
Портпаролот на Клиничка болница во Штип, Марина Шуманска информира дека во Ковид центарот се хоспитализирани вкупно 62 пациенти, од кои 55 на инфективното и седум на кожното одделение.
Слободни места има само за уште за осум пациенти.
Инфектолозите алармираат дека во овој бран на делта сојот им пристигнуваат пациенти во тешка здравствена состојба. Вкупно 46 пациенти се на постојана кислородна поддршка. Во текот на вчерашниот ден, во дневната амбуланта прегледани се 25 лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Скопје и денеска воздухот опасен по здравје, владата најави решение за аерозагадувањето
-
Мицкоски: Ако има поскапување на струјата, тоа ќе биде до 3%
-
Македонците онлајн пазарат од македонски продавници, главно облека
-
Преглед на вестите од светот
-
Тензична собраниска седница за надзор на работата врз АНБ
-
Мицкоски: ДУИ е фактор на дестабилизација, за тоа е загрижена и меѓународната заедница
-
Суспендираниот Хајрулахи се жали на притисоци од државниот јавен обвинител
-
Регионална конференција за е-трговија