Тројца новоизбрани претседатели на судови дадоа свечена изјава
Новоизбраните судии за претседатели на Апелацискиот суд Битола, Елизабета Манели-Ташевска, на Основниот суд Кочани, Дарко Ристов и на Основниот суд Охрид, Милчо Клишевски, денеска дадоа свечена изјава пред претседателот и членовите на Судскиот совет на РМ.
Како што информираат од Судскиот совет на РМ, претседателот на Советот Бранко Ушковски нагласил дека согласно надлежноста СС на РМ објавил оглас за избор на претседатели на Апелацискиот суд Битола, на Основен суд Охрид и на Основен суд Кочани, кои беа објавени во Службен весник на РМ бр.178/15 од 15.10.2015 година и бр.7/16 од 18.01.2016 година.
- Согласно процедурите од страна на Советот беше спроведено психолошко тестирање за проверка на социјалните способности и тест за интегритет за проверка на етичките и моралните вредности на кандидадите, изврши интервју со секој кандидат и ги разгледа доставените програми на кандидатите за нивната работа, истакнал Ушковски.
Тој посочил дека согласно Деловникот за работа на Судскиот совет на Република Македонија, Советот од својот состав формирал Комисија која врши проверка на навременоста на пријавите и комплетноста на документите на пријавените кандидати по огласот, по што подготви листа на кандидати.
На седницата одржана на 23.02.2016 година, Судскиот совет согласно Законот за Судскиот совет на РМ, Законот за судовите и Деловникот за работа на Судскиот совет, изврши избор на претседатели на судови. Во таа смисла, избрани се кандидатите кои во последните две години се оценети со највисока позитивна оценка и во однос на другите кандидати имаат добиено најголем број бодови, а имајќи ги предвид и позитивните резултати постигнати на спроведениот психолошки тест и тест за интегритет и спроведеното интервју, како и предложената Програма за работа.
По давањето на свечената изјава, Ушковски честитајќи им го изборот на судиите изразил надеж дека избраните претседатели на АС Битола, ОС Кочани и ОС Охрид ќе ја оправдаат довербата која им е укажана.
Ушковски во оваа прилика изразил благодарност до судијата Љиљана Чочковска за успешно извршената функција како досегашен ВД претседател на Апелацискиот суд Битола.
Ново на Сител
-
Назначени нови директори на ЈСП, ЈП Паркови и зеленило и ЈП Улици и патишта
-
Во Германија една четвртина од вработените сè уште работат од дома
-
Тошковски: Справувањето со илегалната миграција и останатите форми на прекуграничен криминал се еден од нашите главни приоритети
-
Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни зголемување на цената на електричната енергија нема да има
-
Повредени тројца од екипата на Итна помош откако беа заглавени во лифт во Кисела Вода што паднал во подрум
-
За пет месеци фреквенцијата на патници на ГП „Блато" зголемена за 14 отсто
-
Николоски бара Обвинителството да го испита работењето на ЈП за државни патишта и ЖРСМ Инфраструктура
-
Приведен скопјанец кој уценувал девојка