Свет
29. September 2015 - 8:52

Тројца азербејџански војници загинале во Нагорно-Карабах

Тројца азербејџански војници загинале, а поголем број се повредени во Нагорно-Карабах, територија која е под контрола на ерменската војска и локалните ерменски сили.

Воените сили на Нагорно-Карабах соопштиле дека немале загуби, но дека има жртви на азербејџанската страна.

Нагорно-Карабах е под јеменска контрола од завршувањето на војната во 1994 година, но двете страни често меѓусебе се обвинуваат за кршење на примирјето.