Македонија
15. October 2017 - 19:38

Tројца активисти на СДСМ во Битола приведени за делење пари

Приведени тројца активисти на СДСМ во Битола кои делеле пари за да поткупуваат гласови во битолската населба „Баирот“, пишува Република.
Република, стигна и до фотографија од активиститите на СДСМ кои биле пријавени од граѓаните.

Полицијата ги привела, но дали ќе одговараат за ова кривично дело, останува да видиме. Според пријави на граѓаните до „Република“, денеска низ Битола низ текот на целиот ден циркулирале возила на полициската единица „Алфа“, а во секое од возилата имало по еден активист на СДСМ.