Тркалезна маса „Сигурност во снабдувањето со стоки и нафтени деривати“
Можности и алтернативи за сигурност во снабдувањето со стоки и нафтени деривати ќе анализираат денеска на тркалезна маса во Стопанската комора на Македонија компании од енергетскиот, транспортниот, металниот и металуршкиот сектор и надлежните државни институции.
- Како резултат на честите блокади кои условија застои и нефункционалност во превозот на стоки во патниот и во железничкиот сообраќај кон Република Грција, неопходно е наоѓање соодветни решенија за надминување на ваквите состојби и разгледување опции за сигурност во снабдувањето со стоки и нафтени деривати, укажува Комората.
На тркалезната маса се најавени обраќања на претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, извршниот директор на „ОКТА“ ад Скопје, Јанис Героуланос, како и на претседателите на Здружението на енергетиката и на Македонската транспортна асоцијација, Ристо Јаневски и Иван Петровски.
Ново на Сител
-
СДСМ обвинува за спорни тендери во МВР
-
ВМРО-ДПМНЕ: Најголемите криминали во здравството во времето на Филипче
-
Останува рокот: Aвтопатот Охрид-Кичево готов до крајот на следната година
-
80% од храната што ја јадеме ја увезуваме - како до зголемено земјоделско производство?
-
Од 1-ви септември средно стручно образование за возрасни
-
Преглед на вестите од светот
-
Филипче повикува на средба
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Данаиловски