-->
-->
Триумф на Вавринка во Токио
-->
Швајцарецот Станислас Вавринка го освои 11. трофеј во својата кариера, откако утрово, во финалето на АТП турнирот во Токио, го победи францускиот тенисер Бено Пер со 2-0, по сетови 6:2 и 6:4.
За Вавринка ова е четврти трофеј оваа сезона, во која тој победуваше и во Ченај, Ротердам, и на Ролан Гарос.
Триумфот во Токио на швајцарскиот тенисер му донесе 306.200 долари и 500 АТП поени.
Поразениот Пер заработи 138.000 долари и 300 АТП поени.
Наградниот фонд на турнирот во главниот јапонски град изнесуваше 1,4 милиони долари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Два активни пожари денеска - премиерот смета дека тие кај Скопје биле дел од организирана акција
-
Се зголемува бројот на обиди за ин витро оплодување на сметка на ФЗО
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Реновираниот „Музеј на вода“ повторно блеска
-
Преглед на вестите од светот