Спорт плус
25. July 2022 - 16:21

Триумф на Франција во Лигата на нациите

Завршија натпреварите и во одбојкарската лига на нации. Првото место на завршниот турнир во Болоња и припадна на Франција која во финалето беше подобра од САД со резултат 3-2.  Галските петли лесно ги освоија првите два сета но Американците возвратија со иста мера и израмнија на 2-2. Во петиот Франција се стабилизира и лесно триумфираше  за нов успех во светската одбојка. 
Бронзениот медал и припадна на Полска која убедливо со 3-0 ја совлада домашната селекција на Италија.