Спорт плус
26. јуни 2022 - 20:06

Триумф на Бањаја во Асен, Квартараро без пласман

Голем триумф на Франческо Бањаја на холандското Гран При во Асен на кое имаше многу возбудувања откако главниот фаворит и бранител на титулата Фабио Квартараро не ја заврши трката поради излетување од патеката. 
Јунак во Асен беше Шпанецот Епаргаро кој  иако имаше излетување успеа од 15-тото место да стигне до 4 позиција. 
По сите овие случувања до крајот Бањаја нема конкуренција а пријатно изненади Безеки кој го освои историското за него второ место што за младиот Италијанец е прво искачување на пиедесталот во Кариерата.  На третото место се пласира Маверик Вињалес што за него е најголем успех откако вози за Априлија.