Бизнис
23. July 2021 - 19:51

Трите компании бараат зголемување на цената на парното

Ќе има ли поскапување на парното греење? Зголемување на цената побарале сите три компании, но најмногу од ЕСМ Енергетика - 65 проценти. БЕГ побарале 2 отсто зголемување на сметките, а Скопје Север - 16 проценти.

Во меѓувреме скок е регистриран и на цената на гасот на светските берзи и тоа од 50 проценти во споредба со минатата година кога се формирала новата цена, а токму гасот учествува со 70 проценти во креирање на крајната цена на парното греење.  

Од регулаторна велат дека се уште се анализираат пресметките кои трите компаниите ги доставиле до нив уште кон крајот на мај.

- Регулаторна во моментов прави анализи. Подготвителна седница ќе има во вторник, а конечната одлука за тоа каква ќе биде крајната цена ќе се знае во четврток, велат од РКЕ.

Новата цена ќе важи од први август. Градско парно користат околу 60 илјади домаќинства. 

Најмногу приклучени има на мрежата на БЕГ. Парното од  ЕСМ Енергетика го користат околу 4.000 потрошувачи, а најмалку има на Скопје Север.

Минатата година цената на парното остана непроменета.