Тринаесет лица повредени во Париз во потера по автомобил кој одбил да застане
Најмалку 13 лица се повредени денеска во јужен Париз кога дошло до судир при потера меѓу три полициски возила по автомобил кој одбил да застане, јавија француските медиуми.
Меѓу повредените има 10 полицајци, возачот и двајца сопатници во автомобилот.
Возачот на автомобилот одбил да застане во 14-тиот арондисман во Париз околу 5:45 часот, дознава француската телевизија БФМ од полициски извор.
Полицијата потоа го бркала во 15-тиот арондисман и возачот конечно бил уапсен по судир со три полициски возила.
Уапсени се и двајца патници во автомобилот.
Полицајците се полесно повредени и сите се пренесени во болница со релативно полесни повреди, а во болница се пренесени и три лица кои се наоѓале во автомобилот со повреди кои не се опасни по живот.
Судските истражни органи ќе спроведат истрага.
Ново на Сител
-
Културните работници ќе останат без плата за Велигден
-
Teма на денот со Јорданчо Ефтимов
-
Почина 24 годишен пациент кој беше на лекување во ВМА – 62 жртва на пожарот во Кочани
-
Почина 24 годишен пациент кој беше на лекување во ВМА – 62 жртва на пожарот во Кочани
-
Бектеши останува во 30 дневен притвор – Папазов оди дома
-
Обвинителството бара повисока казна за возачот кој ја прегази Теодора
-
Стручен надзор на Кардиохирургија
-
Кос од Бугарија изрази надеж дека Скопје и Софија ќе го надминат спорот