-->
-->
Тригодишно палестинско дете тешко рането од израелски оган
-->
Тригодишно палестинско дете утрово е во критична состојба во израелска болница откако беше погодено од израелски оган на окупираниот Западен Брег. Израелската војска соопшти дека започнала истрага за, како што наведоа, ненамерно пукање.
Во соопштението на војската се додава дека вооружени лица отвориле оган во правец на еврејската населба доцна синоќа и дека војниците од стражарското место возвратиле на оган. Неколку моменти подоцна, израелските служби за итни случаи биле известени дека еден Палестинец и едно дете се тешко ранети. Мажот е префрлен во палестинска болница, а детето со хеликоптер е пренесено во израелската болница Шеба. Болницата соопшти дека детето е во критична состојба.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Шукова е одбрана само за да изгуби
-
Меморандум за разбирање со „Казанџи Груп“
-
Лицата со инвалидитет бараат да бидат ставени на советничките листи за претстојните локални избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Бујар Османи кандидат за градоначалник на Чаир, Таравари добива четири, а Села три општини
-
Тема на денот со Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
ДУИ носи одлуки
-
Работничка останала без работа откако кажала дека е бремена - КСЗД утврди дискриминација