Триесетдневен притвор за тетовецот, осомничен за убиство на неговиот брат
Триесетдневен притвор му определи денеска судија од тетовскиот основен суд на Ј.И.(55) од Тетово, кој вчера самиот се пријави во полиција како сторител на убиство на неговиот брат А.И. (53).
Ова денеска го потврди портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
- Претходно СВР Тетово против Ј.И. поднел пријава како осомничен за сторено кривично дело „убиство“ до Јавното обвинителство по вчерашниот настан во заедничката куќа на двајцата браќа на улицата „Караорман“ во градот. При караница, што брзо излегла од контрола, Ј.И. со еден убод со нож во градите го усмртил својот две години помлад брат, по што самиот се пријавил во полициската станица во Тетово, рече Јосифоски.
При вчерашниот увид на местото, полицијата го пронашла и ножот со кој најверојатно било извршено убиството. По наредба на јавниот обвинител врз телото на починатиот била извршена и обдукција.
По денешната одлука за триесетдневен притвор, Ј.И. бил однесен во Истражниот затвор-Скопје во Шуто Оризари.
Ново на Сител
-
Перински: И да не бидам кандидат ќе вложам максимум да помогнам
-
Комората на Македонија-Турција донира 100 000 евра за реновирање на ДСУ „Наум Охридски“
-
Лилјана и Јован се невестата и зетот за годинашната Галичка Свадба
-
Дел од занаетите стануваат дефицитарни
-
Преглед на вестите од светот
-
Приведени двајца тинејџери кои извршиле обљуба врз две малолетни девојчиња
-
Teма на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска
-
Силен пожар беснее во кочанско Вранинци – Се бара хеликоптерска поддршка