-->
-->
Триесет дена притвор за Зоран Милески Кичеец
-->
Бизнисменот Зоран Милески Кичеец доби 30 дена притвор неофицијално дознава Сител од извори во Судот.
Одлуката се очекува судијата за претходна постапка да ја објави во писмено соопштение по завршувањето на сите истражни дејства. Зоки Кичеец е второосомничен во случајот во кој Бојан Јовановски познат како Боки 13 се товари за рекет од 1.5 милиони евра изнудени од познат скопски бизнисмен.
Кичеец и Боки од рано попладнево се приведени. Боки "падна" на Богородица, а Кичеец во скопски ресторан.
Предмалку како што јави репортерот на Сител од пред судот Кичеец беше изведен од судската зграда. Во неа се уште трае распитот на Боки 13. Претходно, како што јави Сител полицијата го одзема телефонот на Катица Јанева.
Александар Спасовски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
120 нови дигитални услуги
-
Нов бран превентивни мерки на полицијата
-
Зголемен интерес кај струмичките земјоделци за владините мерки за поддршка
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини
-
Анализа: Како влијае споредбата од еврокомесарката Кос на јавноста?
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Македонија старее, лани населението е намалено за 4.140 лица