Свет
26. July 2020 - 14:03

Триенаесет загинати и десетици повредени во автобуска несреќа во Виетнам

Тринаесет лица загинале откако автобус излетал од патот во близина на популарен национален парк во центарот на Виетнам, јавија денеска државните медиуми.

Автобусот превезувал група лица, кои пред 30 години матурирале во блискиот крајбрежен град Донг Хои.

Националниот парк Фонг На-Ке Бенг, нивната дестинација за повторно сретнување, е познат по тоа што ја содржи најголемата пештера во светот, како и чистите сини реки и карпести варовнички планини.

Автобусот бил во близина на пештерите кога се излизгал од патот. Неможноста од телефонски сигнал ги попречува напорите за спасување.

Локалниот претставник Тран Кванг Ву изјави дека „прелиминарната истрага покажува дека најмалку 13 лица загинале, а десетици други се повредени“.

Сообраќајните несреќи се меѓу водечките причини за смртноста во оваа југоисточна азиска земја со 96-милионско население. Во просек во сообраќајни несреќи секој ден гинат 17 лица, се наведува во податоците на владата, додава ДПА.