-->
-->
Трибина на косовските историчари против балканскиот „мини-Шенген“
-->
Друштвото на историчарите на Косово „Али Хадри“ – огранокот во Дечане, ќе одржи денеска трибина насловена „Против влезот на Албанија во нова Југославија – тенденција за создавање на голема Србија“, јави дописникот на МИА од Приштина.
Трибината, закажана за во 12 часот, се организира во знак на противење на самитот одржан минатата недела во Тирана, посветен на таканаречениот „мини-Шенген“, односно на иницијативата на премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, и претседателот на Србија Александар Вучиќ за формирање зона на слободен проток на луѓе, стоки и капитал во регионот.
Како што соопшти организаторот, за учество на трибината „јавно се повикани претставници на академиите на науките и на институтите за историја во Приштина, Тирана и Скопје, како и интелектуалци и познавачи на албанско српските односи“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Гаши ги понижи албанците
-
Реформи во јавната администрација
-
Преглед на вестите од свет
-
Синдикатите и работодавачите со различни ставови за „недела неработен ден“
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија и труд
-
Маркетите ги вратија старите цени на производите кои ги покачија, а не се дел од Новогодишната кошница
-
По повод 45 години Пекабеско ќе донира 30.000 евра за најмладите
-
Последни пратенички прашања за годинава