Три жени убиени во вооружен инцидент во Вирџинија
Три жени се убиени, а две се повредени од огнено оружје во Норфолк, американската сојузна држава Вирџинија.
Според полицијата најверојатно причината е семејно насилство.
Осомничениот прво пукал во една жена и побегнал. Кога четири жени се обиделе да и помогнат на жртвите, напаѓачот се вратил и пукал врз нив.
Починаа жената, која прва беше застрелана и уште две кои се обиделе да и помогнат. Другите две се хоспитализирани.
Полицијата на Твитер објави дека осомничениот е приведен, но не наведе повеќе детали.
Секоја година во САД во семејно насилство страдаат околу 1.300 луѓе, се наведува во анализата на Медицинскиот факултет на Универзитетот Емори во Атланта. Според авторите на студијата 59,1 проценти од масакрите во периодот од 2014 до 2019 година биле поврзани со семејно насилство.
Ново на Сител
-
Се утврдува намалениот промет од бојкотот на маркетите, решение за високите цени низ дијалог
-
Повици за одговорност за смртта на Фросина, законски измени за поголеми казни во сообраќајот
-
Шест лица загинаа при пад на авион за превоз на пациенти во Филаделфија, меѓу патниците имало девојче
-
Почувствуван земјотрес во Скопје
-
Сончево со локална облачност
-
Вучиќ: Можете да ме убиете, но нема да има преодна или експертска влада
-
Уапсен 23-годишник од Дебар, управувал со возило без возачка дозвола и бил под дејство на алкохол
-
17 годишен скопјанец тешко повреден откако бил нападнат на постојка во Центар