-->
-->
Три тепачки за едно деноноќие во Неготино и Демир Капија
-->
Три тепачки биле пријавени за едно деноноќие во Неготино и Демир Капија, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол во СВР Велес.
- На улица „Јане Сандански“ во Неготино вчера околу 08.30 часот бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.М.(23) и Н.П.(23), од една страна, и М.З.(39), Д.В.(38), И.Н.(35), М.У.(61) и Л.Т.(27), од друга страна. Се работи на расчистување на случајот, појасни Додевски.
Во ОВР Неготино З.Ч.(49) од Дeмир Капија вчера во 15.00 часот пријавил дека околу 14.30 часот во угостителски објект во Неготино бил физички нападнат од Ѓ.Д.(50) од Неготино. Се работи на расчистување на случајот.
Б.М.(31) од Демир Капија ноќеска во 00.15 часот, во казино во Демир Капија, по претходна расправија, бил физички нападнат од Б.С.(35) од Демир Капија. Се работи на расчистување на случајот, соопшти Додевски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мирен марш за поддршка на Епископот Партениј
-
МПЦ-ОА одбележа 1700 години од првиот собор во Никеја
-
Бања од римски период откриена во приватен двор во струмичко Баница
-
Салите во ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп отворени и оспособени за одржување на настани, актерите бараат нов театар
-
Кинеските инфраструктури и нивното влијание
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден пилот и ниту еден ер трактор - како ќе се гаснат летово пожарите?
-
Тема на денот со Арбен Таравари