Македонија
4. August 2015 - 11:46

Три пожари изминатото деноноќие во Кумановско

Кумановските пожарникари изминатото деноноќие интервенирале на три пожари.

Како што соопшти денеска РЦУК Куманово, тројца со едно противпожарно возило гаснеле запалена сува трева во населбата „Перо Чичо“ од 10:20 до 11:00 часот, додека по еден час, четворица нивни колеги интервенирале на запалено стрниште на површина од пет хекатри во кумановското село Романовце. Пожарот бил локализиран во 14.15 часот.

Од 15:10 до 16.35 часот е интервенирано на опожарена сува трева со површина од 2.000 метри квадратни во Новосељане. Во гаснењето биле вклучени четворица  пожарникари со едно противпожарно возило.