Три од 28-те преживеани во авионската несреќа во Казахстан биле деца
Казахстанските власти соопштија дека 28 лица го преживеале падот на патничкиот авион во близина на Актау, меѓу кои и три деца. Се верува дека 39 лица загинаа во несреќата.
Казахстанското Министерство за транспорт соопшти дека во авионот имало државјани на пет земји – 37 Азербејџанци, шест државјани на Казахстан, тројца државјани на Киргистан и 16 Руси.
Според Министерството за вонредни ситуации на Казахстан, од местото на несреќата досега се извлечени четири тела.
Руската агенција за надзор на воздушниот сообраќај информира дека првичните податоци покажуваат дека пилотот се одлучил за принудно слетување откако авионот удрил во птица.
Авионската несреќа се случи утрово, кога авион на Азербејџан ерлајнс летал од Баку кон Грозни, но бил пренасочен поради магла во Чеченија. Наместо тоа, бил принуден на итно слетување на три километри од Актау, западен Казахстан.
Руски медиуми тврдат дека авионот не можел да слета во рускиот град Грозни поради напад на украински дрон. Пилотот го пренасочил летот кон градот Махачкала, административен центар на соседната Дагестанска област, но, според руските медиуми, маглата го спречила да слета таму, пренесува Анадолија.
На крајот побарал дозвола да слета во Актау, казахстански град на Каспиското Море. Несреќата се случила на неколку километри од аеродромот во Актау.
Казахстанскиот претседател Касим-Јомарт Токаев нареди истрага за несреќата, а азербејџанскиот претседател Илхам Алиев ја прекина посетата на Санкт Петербург, Русија, за да се врати во Баку по инцидентот.
Ново на Сител
-
Жан-Ноел Баро: Путин покажува „голема грозница“ и сака да избегне мир
-
Утрe штрaјк нa врабoтените на аеродромите во Германија, аеродромот во Хамбург веќе е затворен
-
Во сообраќајка повредени двајца малолетници од село Милетино
-
Турските власти приведоа повеќе од 100 лица на Меѓународниот ден на жената
-
Вучиќ: Опозицијата мисли дека сабота е ден Д, верувам дека студентите во блокада се попаметни
-
Обвинение за обид за убиство
-
Киев: Русите се обидоа да упаднат во градот Курск преку гасовод
-
Ѓоковиќ поразен во второто коло на Индијан Велс