Македонија
23. August 2017 - 16:30

Три новороденчиња починаа на Гинекологија во Клиничкиот центар во Скопје

Три бебиња од една мајка починаа на гинекологија. 33 -годишната жена била во 27-та недела од бременоста и оплодена со Ин витро. Ја породиле со царски рез бидејќи и прснал водењакот и постоело опасност да биде прекинат доводот на кислород. 
 
- Трудницата од тетовско Доброште на Клиниката била донесена завчера во вечерните часови со компликации. Дежурните екипи не успеале да спасат ниту едно дете. 
 
Во дописот до Сител роднини на семејството обвинуваат дека на гинекологија немало доволен број инкубатори и тоа било причината за фаталниот исход на новороденчињата. 
 
Од Клиниката потврдуваат дека сите инкубатори биле зафатени, но направиле преместувања на други бебиња за да може тројката веднаш да ја стават во инкубатори и да ги транспортираат на одделението за интензивна нега. Трите бебиња починале следниот ден, а мајката е надвор од животна опасност. 
 
Од Гинекологија за Сител објаснуваат дека направиле се според сите протоколи. Дополнителен проблем предизвикал дијабетесот кој го имала мајката и породувањето го извршиле 13 недели порано од предвидениот термин, а можноста за преживувањето во вакви случаи била минимална.
 
Обдукцијата врз новороденчињата ќе ја утврди причината за смртта. Случајот го испитува и министерството за здравство.