Три несреќи со мотоцикли вчера во Македонија - Има повредени
Два судири помеѓу автомобил и мотоцикл во Гевгелија и Кичево, мотоцикл излетал од патот кај Гостивар. Полицијата информираше за три сообраќајни несреќи во кои учествувале мотоцикли, во текот на вчерашниот ден.
Според информациите од МВР, едната несреќа се случила во селото Давидово, гевгелиско, а во неа учествуваче моторцикл „сузуки“ без регистарски ознаки, управуван од Г.Р.(27) од с.Давидово, и патничко моторно возило „голф“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од А.Т.(29) од с.Давидово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот А.Т., а со телесни повреди се здобил сопатникот на мотоциклот А.С..
Втората несреќа се случила синоќа околу 23,15 часот во Кичево,
„На крстосницата од ул.„Тане Цалески“ и бул. „Ослободување“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(19) од Кичево и мотоцикл „лингбен“ без регистарски ознаки, управуван од Р.Џ.(19) од Кичево. Во несреќата сопатникот од моторциклот А.Б.(24) од с.Стрелци се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани од лекар во Медицински центар Кичево“, објави МВР.
Тешко повредена е и жена од Германија која со мотоцикл излетала од патот кај Гостивар.
„На 01.07.2023 околу 16,30 часот било пријавено дека во Гостивар на пат кон селото Ломница, В.А.Д. (54) од Германија управувајќи моторцикл „КТМ“, излетала од патот“, објави МВР.
По несреќата В.А.Д. била пренесена во Ургентен центар-Гостивар каде од лекар и биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен бил увид на сите локации.
Ново на Сител
-
Пожарот кај село Николиќ се уште активен, тешко пристапниот терен ја отежнува интервенцијата
-
Во Македонија лани изгореле 95.181 хектари шума - 3,7% од вкупната територија на државата
-
Премиерот добил дојава дека дел од европратениците нема да гласаат за бришење на македонскиот јазик и идентитет
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи ВРЕДИ уште во првиот круг
-
ДЗР: За раскинување на договорите за нов Клинички и болницата во Штип фирмите бараат 45 милиони евра отштета
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: Владата ги остави граѓаните сами да се справуваат со пожарите
-
Сиљановска: Длабоко сум разочарана што се избришаа македонскиот јазик и идентитет од извештајот на ЕП