Три лица загинаа во пожарите во Португалија
Најмалку три лица загинаа во неколку пожари во Португалија, јави ДПА. Повредени се вкупно 17 лица. Една од жртвите е пожарникар кој починал од срцев удар додека бил на работа.
Пронајдени се и телата на уште две жртви. Едниот бил шумски работник кој горел, а другиот починал од срцев удар додека се обидувал да го изгасне пламенот во близина на неговиот дом.
Околу 3,500 пожарникари, војската и персоналот на цивилната одбрана се борат со пожарот. Најтешка е состојбата во северните и централните делови на земјата.
Премиерот Луиз Монтенегро ги одложи сите ангажмани за вечерва поради пожарите. Шпанија, Франција, Италија и Грција испратија по два авиони за гаснење на пожарите по барање од Лисабон.
Во областа Ивеиро, на северот на Португалија, беснеат три големи пожари и неколку помали.
Започна евакуација на жителите на Албергарија-а-Веја, град со околу 25,000 жители на 60 километри јужно од Порто, каде исто така има пожар.
Чадот од пожарите го прекри небото над туристичкиот град Авеиро и другите градови во областа, а властите ги повикаа луѓето да останат дома и да се снабдат со вода.
Поради пламените јазици затворени се неколку автопати. Сообраќајни прекршоци има и во возовите и меѓуградските автобуси.
Ново на Сител
-
Возач удрил 13-годишно девојче и избегал од местото на настанот
-
37-годишна жена два пати физички нападната во Скопје од својот сопруг во текот на еден ден
-
Тепачка помеѓу 6 лица во Ѓорче Петров, употребувани тврди предмети и оштетени две возила
-
Кривична за двајца полициски службеници, дозволиле да застарат 14 дела за тешки кражби
-
Мицкоски: Имаме организиран пристап и ќе продолжиме да помагаме на семејствата на настраданите во кочанската дискотека
-
Го оштетиле буџетот за 2,2 милијарди денари, поднесени обвиненија за „Онкологија“
-
Мицкоски за дивоградбата во Чаир: Градоначалничката на Град Скопје има ингеренции и треба да постапува
-
Лишен од слобода крадец во Куманово, одземеното е пронајдено