Свет
29. October 2020 - 11:10

Три лица загинаа, а неколку се повредени при напад со нож во Ница

Едно лице загина, а неколку се повредени во напад со нож во близина на црква во Ница, пренесуваат француските медиуми.

Францускиот министер за внатрешни работи Жерал Дарманен изјави дека во тек е полициска акција во Ница, пренесува „Ројтерс“.

Градоначалникот на Ница, Кристијан Естроси, потврди дека наводниот сторител е уапсен и и се заблагодари на полицијата за брзата реакција.

„Јас сум со полицијата на самото место. Потврдувам дека сè сугерира на терористички напад во близина на базиликата“, рече тој.